„Лајка“ алармира: Расте бројот на напуштени кучиња кај гробиштата Бутел
25/06/2025 13:19
„Во последниот период, нашите теренски служби и граѓански пријави укажуваат на континуирано напуштање на кучиња од страна на неодговорни сопственици, кои од различни делови на градот ги доведуваат животните на оваа локација и ги оставаат“, велат од таму.
Оваа појава, велат од „Лајка“, покрај тоа што претставува суровост кон животните, сериозно го нарушува и јавното здравје, безбедноста на граѓаните, како и функционирањето на објектите од јавен интерес на таа територија. Напуштените кучиња, често нестерилизирани, се размножуваат, гравитираат низ поширокото градско подрачје и го усложнуваат предизвикот на контрола на популацијата на бездомни животни.
ЈП „Лајка“ апелира до граѓаните да не напуштаат животни – тоа е казниво дело согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, да пријавуваат вакви случаи до надлежните институции, со можност за доставување видео или фото докази и да се информираат за можностите за вдомување, стерилизација и одговорно сопствеништво.
Истовремено, ЈП „Лајка“ во соработка со инспекциските служби ќе ги засили контролите и ќе поднесе пријави против сите лица кои ќе бидат фатени во ваков прекршок.






