Жељазков: Целта на Македонија не е да го преземе Вавилон, туку да влезе во ЕУ
26/06/2025 9:17
Имавме многу добар разговор со претседателката на Македонија, рече бугарскиот премиер Росен Жељазков денеска во Хаг по повод изјавата на Гордана Силјановска-Давкова дека имала „пријатен, протоколарен, пријателски разговор“ со него пред вечерата во рамките на самитот на НАТО во Холандија, пренесува бугарската БТА.
„Ја побарав претседателката на Македонија затоа што, знаете, ставот на Бугарија е дека Македонија треба да биде дел од Европската Унија. Имавме многу добар разговор – разговаравме за човекови права, за европски вредности, разговаравме за тоа дека јазикот на официјалните претставници на земјите треба да всадува пријателство, а не омраза. Ќе си дозволам аналогија – целта на нашите пријатели од Северна Македонија не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во Европската Унија, што се случува со исполнување на критериумите за членство“, рече бугарскиот премиер.






