(Видео) Видете како се чисти кејот на реката Вардар
30/06/2025 12:38
Утринава околу 10:30 часот, граѓани снимија неодговорно и непрофесионално однесување на работник на Комунална Хигиена Скопје, кој со дувалка чистејки го Плоштадот и кејот на реката Вардар, кај Камени мост, целиот смет и нечистотија, ја оддува во реката.
На снимката се гледа дека покрај прашината во реката летаат и хартии и пластични шишиња.
Дали ќе реагираат институциите, па и Комунална хигиена, во врска со оваа и ваква неодговорност?
Погледнете го видеото






