MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Вардар се претвори во пластично море: Срам за државата и неодговорниот народ!

28/10/2025 12:44

Запрепастувачка снимка од енормно загадување на реката Вардар, предизвикува згрозеност кај јавноста. Илјадници пластични шишиња и друг отпад пливаат по реката Вардар од Тетово кон Скопје, во близина на тетовското село Копанце.

Според сведоци, силните дождови од изминативе денови го зголемиле нивото на Вардар, а надојдената вода повлекла огромни количества ѓубре од десетиците диви депонии кои се протегаат покрај бреговите на реката, од нејзиниот извор во Гостиварско, па сè до местото каде е направена снимката.

Граѓаните бараат итна реакција од надлежните институции и покренување акција за чистење на реката, која со години се соочува со сериозно загадување и занемарување.

error: Содржината е заштитена од копирање !!