MKinformer

your daily dose of news

ЖЕШКА НЕДЕЛА СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 40 СТЕПЕНИ, ВИСОКО УВ ЗРАЧЕЊЕ И ОПАСНОСТ ОД ПОЖАРИ

01/07/2025 7:42

Во Република Македонија не очекува продолжен период со стабилно, суво и исклучително топло време кој ќе трае најмалку до 10 јули. Овие услови се резултат на влијанието на суптропски антициклон – топла воздушна маса проследена со зголемен воздушен притисок.

Времето ќе биде претежно сончево со минимална локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, кој повремено може да биде засилен.

Температурите до петок (4 јули) ќе се движат меѓу 32 и 39°C, додека за време на викендот и во текот на следната седмица, се очекува нивно дополнително зголемување. Во Повардарието локално може да достигнат и до 42–43°C. Индексот на ултравиолетово зрачење (УВ индекс) ќе остане многу висок, со вредност 9.

Во Скопје и околината временската состојба ќе биде слична на остатокот од земјата. Температурите ќе се искачуваат до 40°C, а во наредната седмица и над таа вредност.

Поради високите температури и интензивното УВ зрачење, се препорачува граѓаните да избегнуваат излегување на отворено во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да внесуваат повеќе течности.

Дополнително, поради продолжениот период на жешко и суво време, постои зголемена опасност од настанување шумски пожари. Апелираме до сите граѓани да бидат крајно внимателни во природата и да ги почитуваат законските ограничувања за движење низ шумските подрачја во текот на летните месеци.

error: Содржината е заштитена од копирање !!