MKinformer

your daily dose of news

Шест часа без струја во центарот на Драчево – жителите револтирани од доцнењето на екипите на ЕВН

01/07/2025 22:08

Жителите од центарот на скопската населба Драчево, во близина на раскрсницата меѓу улиците Бранко Заревски и Живко Фирфов, повеќе од шест часа се без електрична енергија. Проблемот, според нив, настанал поради искршено орманче со осигурачи, кое било пријавено во ЕВН уште околу 14:00 часот.

„Сега е 20:30, а сè уште нема екипа на терен. Целото маало е во мрак, фрижидерите се истопени, нема топла вода, интернет, телевизија, ниту клима. Се чувствуваме заборавено“, велат револтираните жители.

Од ЕВН засега нема официјален одговор или информација, кога екипа ќе пристигне на локацијата и ќе го санира дефектот. Жителите апелираат до компанијата што побрзо да реагира и да ја реши хаваријата, напоменувајќи дека заслужуваат навремена и одговорна услуга.

Ова не е првпат во овој дел од населбата да има вакви прекини, но според граѓаните, секогаш на ЕВН и било потребно толку долго време за интервенција.

error: Содржината е заштитена од копирање !!