АРСОВСКА ДО АГЕЛЕР: Нели ви е непријатно вакви „криминалци“ да ви бидат ВИП гости во амбасада?
02/07/2025 8:27
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска преку статус на Фејсбук ја повика американската амбасадорка Агелер за вчерашната прослава по повод Денот на независноста на САД на која како гости беа присутни и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, Изет Меџити за кого Арсовска периодов постојано објавува документи и докази за криминал и коруптивни зделки со дивоградби токму на територија на Општина Чаир.
Таа ја запрша амбасодарката дали и е непријатно што на прославата, како вип гости има „криминалци“ од ваков тип.
во продолжение ви го пренесуваме целосниот статус на Арсовска:
Добро утро Амбасадорке Агелер, среќен нека е денот на независноста на САД. Само да прашам, не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции.
Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои имаат институциите цврсти докази за криминал во најмалку 152 случаи и за кои се спроведуваат сериозни истраги во моментов, наместо да ви се на црна листа на санкции на САД насочени против поединци и бизниси вклучени во корупција и нарушување на човековите права, ви беа во прв ред во Амбасада вчера. На листа на санкции со децении се наоѓаат лица ПОРАДИ НАВОДИ за корупција и поткопување на демократските процеси, меѓу нив се наоѓаат политичари, поранешни премиери и министри, градоначалници, судии, а САД ги санкционираат таквите поединци како дел од напорите за промовирање одговорност и борба против корупцијата во регионот на Западен Балкан.
А за овие двајца ИМА НЕПОБИТНИ ДОКАЗИ, не НАВОДИ.
Ви го честите денот на независноста со надеж за слобода и правда за сите кои живеат во Македонија и се под закани и уцени од страна на Висар Ганиу, Изет Меџити и Ејуп Адеми.





