Голема трагедија: Почина ѕвездата на Ливерпул – Диего Жота, само неколку дена по свадбата!
03/07/2025 10:47
Неговата смрт доаѓа само десетина дена по неговата свадба со долгогодишната партнерка Руте Кардозо. Двојката се венча на 22 јуни, а на социјалните мрежи споделија фотографии со емотивната порака: „Да, засекогаш“. Жота и Руте имаат три деца – синот роден во 2021 година, неговото братче во 2023 година и ќерка која се роди на 26 ноември 2024 година. При прославата на еден од головите по Европското првенство во 2024 година, Жота симболично ја прослави бременоста на својата сопруга ставајќи топка под дресот.






