MKinformer

your daily dose of news

Саша Богдановиќ кандидат за градоначалник на Општина Центар, поддржан од ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ?

03/07/2025 9:17

Екс градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ во своето гостување во поткастот „Претрес со Ландов” изјави дека би можел повторно да биде кандидат за градоначалник но овој пат како кандидат на ЗНАМ.

Најдобро, вели се пронаоѓам на локално ниво.

„Не сум член на ниту една партија, пред парламентарните избори ја напуштив СДСМ.
Нема да станам вмро- вец Максим Димитриевски со кого два пати сум се видел, ми кажа дека може да ме стави на анкета за градоначалник на Центар. Максим може да смета на мене како кандидат за градоначалник на Центар. Не ми постави услови да станам член на ЗНАМ, иако ме праша дали би се зачленил.Сега зависи во која форма гледа на моето учество и членство. Мора да ми каже што нуди.Имам големо искуство и поминато некои фази”, вели Богдановиќ.

Тврди дека Горан Герасимовски на нечесен начин станал кандидат за градоначалник во 2021 бидејќи тој имал поголем рејтинг од Герасимовски. Централата ја донела одлуката.

Негира дека тој на нечесен начин во 2017 година станал кандидат иако Андреј Жерновски имал поголем рејтинг од него, тогаш, вели општинската одлучила дека ќе подржи само општински кадар, а Жерновски не бил член на СДСМ.

Целаото гостување може да го погледнете на линкот:

error: Содржината е заштитена од копирање !!