MKinformer

your daily dose of news

Топлиот бран ќе трае најмалку до следната среда

03/07/2025 9:57

Времето утре, 3 јули, ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат во интервал од 11 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 18 до 39 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!