MKinformer

your daily dose of news

(Фото) Автомобил паркиран врз друг автомобил во Скопје!

03/07/2025 11:52

Несекојдневна случка е забележана денеска во Скопје, град каде што сообраќајот од година в година станува сè понеподнослив.

Факт е дека низ градот недостасуваат многу паркинг места, но факт е и дека голем дел од возачите воопшто не внимаваат на другите – ниту кога возат, ниту кога паркираат.

Утрово, на улицата „Народен фронт“, едно возило беше буквално „пригушено“ под задниот дел на друго возило, кое било паркирано врз него.

Засега не е познато дали возачот изгубил контрола врз возилото или станува збор за некаква (лоша) намера, но фотографиите од местото говорат доволно – задниот дел на SUV-то е целосно качен на предниот дел од „бубата“, при што изгледа како случајно или „уметничко“ паркирање.

Овој инцидент е уште еден показател за сообраќајната (не)култура што владее во главниот град. Со недостаток на соодветна инфраструктура, но и со недостиг на одговорност, вакви сцени, иако бизарни, веќе не се толку изненадувачки за скопјани.

Извор: 4Њуз

error: Содржината е заштитена од копирање !!