MKinformer

your daily dose of news

Ќе продолжи изградбата на црквата Света Софија во Аеродром, по пауза од 12 години!

04/07/2025 12:13

Аеродромци забележуваат дека изминатите неколку недели градежни активности има во црквата „Света Софија“ во Реонски Центар Аеродром. Ваквите информации од Општина Аеродром ги потврдиле за Радио Лидер, односно дека овој верски објект конечно продолжува да се гради.

Црквата го носи името „Света Софија“ и се наоѓа во скопската населба Реонски Центар во Општина Аеродром. Темелите беа осветени на 25 јули 2012 година, а изградбата започна во 2013 година. Но, за жал изградбата се стопираше и објектот остана во „статус кво“ ситуација – стагнација со години.

По повеќе од цели 12 години пауза сега продолжува изградбата со помош на донатори и општествено одговорни компании. Засега како што велат од Радио Лидер, се уште немаат детали, но евидентно е дека работниците се постојано на терен и посочуваат дека В.д. градоначалникот Дејан Митески успеал да издејствува аеродромци наскоро да добијат нов верски објект – место каде ќе се слави духовност и во кое многумина ќе го пронајдат мирот.

Неофицијално, се очекува за 18 месеци да биде завршена изградбата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!