Изградбата на новата детска градинка во Стопански Двор продолжува со одлична динамика, откако беа отстранети неколку пречки кои ја забавуваа реализацијата на проектот.
.
На приземјето ќе бидат сместени две јаслени групи за околу 3️⃣0️⃣ дечиња на возраст од 0 до 2 години, додека на првиот кат ќе функционираат четири занимални за повозрасните. Вкупниот капацитет ќе надмине 1️⃣0️⃣0️⃣ деца во предучилишна возраст.
.
Грижата за децата и поддршката за родителите остануваат наши врвни приоритети. Затоа вложуваме во објекти како овој – функционални, современи и наменети за најдрагоцените жители на Ѓорче Петров.
.
Со овој проект продолжуваме посветено да работиме на проширување на капацитетите и целосна елиминација на листите на чекање во градинките, пишува на социјалните мрежи Градоначалникот на Ѓорче Петров.