(Фото) ФАТЕНИ НА ДЕЛО како со бонсек сечат нова ограда пред влез на градинка во Бутел 1
07/07/2025 12:31
Каков е тој порив кој те тера да оштетиш нова детска градинка !? До каде може да оди човечкиот памет !? Две лица се фатени на дело како сакаат со бонсек да исечат нова ограда пред влезот на новата градинка во Бутел 1, сподели денеска градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Тој во својата објава на социјалните мрежи посочи дека е можно да станува збор за истите лица кои нанесоа голема штета на истата градинка пред извесен период, и додава дека полицијата работи на расветлување на случајот.
„Сакам да се заблагодарам на новиот командир на ПС, за брзата и ефикасна реакција. Апелирам, да го чуваме тоа што се гради, општина Бутел се менува, да не уништуваме тоа што треба да го оставиме на нашите деца, истакна Костовски.






