MKinformer

your daily dose of news

Кина остро реагира на заканите од Трамп за царини кон земјите членки на БРИКС

07/07/2025 20:20

Кина остро реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави воведување на дополнителна царина од 10 проценти за земјите што ќе се приклучат на групата земји во развој БРИКС, обвинувајќи ги за „антиамериканска политика“.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на денешната редовна прес-конференција истакна дека царините како форма на политичка принуда не носат корист за никого. Таа додаде дека Кина се спротивставува на користење на економски притисок во меѓународните односи.

Изјавата на Трамп беше објавена на неговата социјална мрежа Truth Social, каде што тој директно се закани со санкции за секоја земја што ќе се приклучи на БРИКС, што тој ја нарече „антиамериканска групација“.

БРИКС е организација што започна во 2009 година со Бразил, Русија, Индија и Кина. Подоцна ѝ се приклучи Јужна Африка, а од 2023 година и Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, што значително го прошири геополитичкиот и економскиот опсег на блокот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!