MKinformer

your daily dose of news

ЕКС ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ СО ПОДДРШКА ЗА АРСОВСКА: После ова нема назад

11/07/2025 16:24

Екс замененик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски го осуди нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и порача: После ова нема назад.

После ова нема назад!
Апсолутно го осудувам нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, колегите советници и претставниците на секторите на Град Скопје и воедно изразувам целосна поддршка.
Овој монструозен настан е чист резултат на селективна правда и после ваков инцидент, ниту МВР, ниту Обвинителство не треба повеќе да молчи и да врти глава на она што ни се случува во државата и главниот град, напиша Трајановски на својот Фејсбук профил.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!