MKinformer

your daily dose of news

Трајановски ги разобличи игрите во Карпош

17/05/2026 11:16

Карпош заслужува вистина: Трајановски ги открива законските манипулации

Поранешниот заменик градоначалник на Скопје, Александар Трајановски, со остар фејсбук статус ги разобличи законските недоследности околу именувањето на заменик во Општина Карпош, поставувајќи клучни прашања за одговорноста на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски.

Додека јавноста разговара дали именувањето на Неделчо за заменик е спорно, Трајановски оди чекор понатаму, проблемот не е во именувањето, туку во роковите, преносот на овластувањата и политичката позадина на целиот процес.

Рокови пробиени шест пати

Според Статутот на Општина Карпош (член 28) и Законот за локална самоуправа (член 52, став 5), градоначалникот е должен да именува заменик во рок од 30 дена од преземањето на функцијата. Трајановски остро укажува, Лукровски требал да го именува својот заменик уште во декември, а не шест месеци подоцна.

„Рокот е пробиен. И тоа не еднаш, туку шест пати“, пишува Трајановски.

Именување не значи предавање на потпис

Токму тука е клучното прашање кое Трајановски го поставува пред јавноста. Како поранешен заменик градоначалник на Скопје, тој потенцира дека самата одлука за именување не значи автоматско предавање на ингеренции, овластувања или право на потпис.

Според него, постои суштинска разлика меѓу законската обврска за именување заменик и политичката намера да се пренесат клучните овластувања, особено ако тоа се прави за да се избегне одговорноста пред граѓаните.

Дали Лукровски е спречен или отсутен?

Законот јасно вели дека заменикот го заменува градоначалникот само во случај на спреченост или отсуство. Трајановски поставува директни прашања кои бараат одговор:

– Дали Сотир Лукровски е спречен да биде градоначалник?
– Дали е спречен да си поднесе оставка?
– Или ВМРО-ДПМНЕ се обидува политички да ја изигра волјата на граѓаните?

Карпош не смее да биде партиска окупација

Пораката на Трајановски е јасна, граѓаните на Карпош заслужуваат функционална општина, а не партиски игри зад нивните грбови.

„Карпош не смее да биде жртва на партиските проблеми и инатот на ВМРО-ДПМНЕ. Го видовме тоа во Град Скопје“, заклучува тој.

Дали Лукровски ќе одговори на прашањата или граѓаните на Карпош ќе останат без вистината? Времето ќе покаже.

error: Содржината е заштитена од копирање !!