МВР СЕ „СМИЛУВА“: Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовска
12/07/2025 16:37
Министерството за внатрешни работи ја извести јавноста дека, по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на информации од терен и безбедносната проценка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), е донесена одлука за 24-часовно обезбедување на скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Според МВР, градоначалничката ќе биде контактирана од надлежни служби за координација на нејзините активности согласно мерките за лична безбедност.
„Министерството останува целосно посветено на мисијата за гарантирање сигурност и заштита на сите граѓани, без оглед на нивната функција или позиција. Секоја постапка се води професионално и согласно законските надлежности“, истакнуваат од МВР.
Во однос на најновите случувања поврзани со Арсовска, од МВР нагласуваат дека иако таа неколкупати јавно говорела за закани на социјалните мрежи, институциите постапуваат по сите релевантни информации – без разлика дали се поднесени службено или официјално – во согласност со законските процедури.






