MKinformer

your daily dose of news

ЧЕТИРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА

12/07/2025 7:27

До пладне денеска, во земјата се евидентирани вкупно 14 пожари на отворено, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Од нив, четири пожари сè уште се активни: во општина Дојран, кај селото Николич каде што гори нискостеблеста шума; во општина Чашка, под Солунска глава, каде што има чад на карпест терен без отворен оган; во Куманово, на локацијата Преовце со пожар на ниска вегетација; како и во село Ругинце, општина Старо Нагоричане.

Паралелно, граѓаните добија СМС порака за прогласена кризна состојба и забрана за движење во шумски предели. Од Центарот за управување со кризи објаснија дека станува збор за тест-порака, наменета за проверка на системот за масовно информирање во случаи на вонредни состојби.

error: Содржината е заштитена од копирање !!