MKinformer

your daily dose of news

„Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура

13/07/2025 18:45

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава беше дел од „Галичка свадба“, проследувајќи ги свадбарските обичаи коишто ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како неразделен дел од македонскиот национален идентитет.

Честитајќи им го бракот на годинешните младенци, Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски, претседателката им посака среќен заеднички живот, полн со љубов, разбирање и деца и им подари „галичка пафта“ со мотив од мијачката носија, карактеристична за селото Галичник.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од континуитетот на „Галичка свадба“, истакнувајќи дека преку неа, не само што се негуваат македонските обичаи, туку истите се промовираат пред светот.

„Нешто што е дел од нашиот идентитет, нешто што е единствено, нешто што никаде го нема, нешто што нѐ прави посебни треба да се негува. Радосна сум што мнозина млади го прифаќаат и ја продолжуваат оваа традиција”, изјави претседателката Сиљановска-Давкова.

error: Содржината е заштитена од копирање !!