MKinformer

your daily dose of news

ВИДЕО: Сведоштво на Јован Костадинов за трагедијата во дискотеката

30/03/2025 10:52

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @supportkocani

Јован Костадинов, средношколец од Виница, стана херој на трагичната вечер кога започна пожарот во дискотеката. Иако бил надвор кога започна пожарот, тој не двоумел да помогне на повредените, и со својата пожртвуваност и хуманост спасил многу животи.

Во своето трауматично сведоштво, Јован опишува ужасни сцени од внатрешноста на дискотеката: „Од внатре се слушаа само пискотници од девојки. Јас зедов една маса, го скршив прозорот и со цревото прскавме вода внатре, тие пискаа. Ги прскав со вода неколку минути, а потоа почнав да излегувам. Во меѓувреме, ја скршивме вратата и почнавме да ги вадиме луѓето, најпрво оние што беа свесни, а потоа почнаа да излегуваат само оние кои беа изгорени или онесвестени. Секој кој беше свесен се извлекуваше, а останатите ги вадевме едни по еден,“ раскажува Јован.

Тој сподели како продолжил да помага и како од напорната ситуација и стресот почнал да се чувствува лошо: „Изнесував луѓе од внатре, но кога излегов надвор, почнав да се чувствувам многу лошо. Ми се слоши и паднав на колена. За среќа, имаше некој до мене кој ме освежи со вода.“

Но Јован не застанал тука. Кога забележал девојка која се тресела и си го проголтала јазикот, тој знаел што да направи: „Ги фатив јазикот и го повлеков, иако не сум го правел тоа порано. Веднаш стигнаа докторки и ја однесоа во кола. По тоа, ми беше многу лошо, но и понатаму помагав“.

Во болницата, ситуацијата била хаотична. „Кога стигнавме во болницата, веднаш им ставија кислород на повредените и проверуваа дали имаат пулс,“ изјави Јован.

Неговото сведоштво ја прикажува неговата храброст и пожртвуваност во една од најстрашните трагедии, која ќе остане трауматска за сите кои биле сведоци на ужасните сцени од тој ден. Јован Костадинов, со своето хероизам и несебична помош, остави неизбришлива трага во срцата на сите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!