ДЕНЕС Е ПАВЛОВДЕН
13/07/2025 11:47
Павловден, кој се одбележува на 13 јули, следува веднаш по Петровден и е голем православен празник посветен на светиот апостол Павле. Иако денот претходно е посветен на двајцата апостоли – Петар и Павле – токму на Павловден се слави споменот само на апостолот Павле.
На овој ден именден празнуваат сите што го носат името Павле, Пајо, Павлина и слични варијации. Во некои краеви, славењето на имендени започнува уште од Петровден, но Павловден се смета за главен ден.
Посебно внимание на празникот му посветуваат жените. Во народните верувања, Павловден е познат и како Пајаковден. Се верува дека на овој ден не треба да се работи на поле, особено во активности поврзани со жетва или врзување снопови, за да не се дојде во контакт со пајаци. Се сметало дека ако некој биде каснат од пајак на Павловден, тешко ќе оздрави.
Овие народни верувања се дел од богатото македонско културно наследство и покажуваат како религијата и фолклорот се преплетуваат во секојдневниот живот.





