MKinformer

your daily dose of news

НАПАЃАЧОТ НА ДАНЕЛА АРСОВСКА СЕПАК ОДИ ВО ЗАТВОРСКИ ПРИТВОР

15/07/2025 15:16

Основниот кривичен суд во Скопје денеска донесе одлука да ја замени мерката домашен притвор со притвор во затвор за лицето кое ја нападна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

„Осомничениот С.Љ., кој се товари за кривично дело Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а во врска со нападот на градоначалничката извршен на 12.07.2025 година, првично беше ставен во куќен притвор. Меѓутоа, судскиот совет оцени дека постојат основи за притвор според член 470 став 1 точки 1 и 2 од Законот за кривична постапка – односно опасност од бегство и ризик од повторување на делото – и донесе одлука за притвор во скратена постапка“, соопштија од судот.

Од надлежната полициска станица е потврдено дека осомничениот веќе е спроведен во Казнено-поправната установа Скопје.

Инаку, минатата недела градоначалничката Арсовска беше физички нападната со тупаници за време на контрола на бесправно изграден објект во Бит Пазар.

error: Содржината е заштитена од копирање !!