MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Инспекторите на Гази Баба фатија на дело диви приклучоци на водоводната мрежа

17/07/2025 22:26

Секторот за инспекција на Оптптина Гази Баба при вршење на вонредни инспекциски контроли затекна диви приклучоци на водоводната мрежа како и злоупотреба на водоводниот систем.

Фатени и санкционирани граѓани кои ја злоупотребуваат водата!
📌 Секторот за инспекција при Општина Гази Баба продолжува со вонредни инспекциски контроли во населените места Црешево, Булачани, Раштак и Смилковци, со цел да се спречи злоупотребата на водоводниот систем и да се заштитат граѓаните.
⚠️ Во текот на денешниот ден, инспекциските служби на терен фатија и санкционираа:
🚱 Лицето Т.К. од Црешево беше затекнато како полни сопствен бунар со вода од јавниот водоводен систем. На лицето му е издаден прекршочен налог во висина од 200 евра.
⚙️ Во населеното место Раштак беа откриени два диви приклучоци на системот. Истите веднаш беа санкционирани и исклучени од водоснабдување.
🔍 Инспекцијата ќе продолжи со засилени вонредни контроли и во наредните денови.
🛑 Нема да дозволиме граѓаните да страдаат поради постапките на поединци!
📢 Воедно, апелираме и бараме ЈП „Водовод и канализација“ и Град Скопје да постапат во рамките на своите надлежности и итно да преземат мерки, со цел жителите на Автокоманда, Ченто, Маџари, Железара и Хиподром да не останат без вода во летните месеци.

error: Содржината е заштитена од копирање !!