Драстичен пад на притисок на водата во пет села во Гази Баба
12/06/2026 11:30
Наводнувањето на нивите ја секнува водата: Апел до жителите на пет села во Гази Баба рационално да ја користат
Општинското комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ ги информира жителите на селата Црешово, Смилковци, Виниче, Раштак и Булачани дека поради зголемена и нерационална потрошувачка на вода за пиење, во водоводната мрежа е забележано драстично намалување на притисокот.
Водата се користи за наводнување на ниви
Како што соопштуваат од претпријатието, главна причина за драстичниот пад на притисокот е користењето на водата за наводнување на земјоделските површини, наместо исклучиво за основните потреби на домаќинствата.
Од ЈКП „Гази Баба 2007“ апелираат до сите корисници водата да ја користат:
-
исклучиво за основните потреби на домаќинствата
-
рационално да располагаат со овој значаен ресурс
Теренски контроли и санкции
Екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ во наредниот период ќе спроведуваат теренски контроли со цел откривање на евентуални нелегални приклучоци на водоводната мрежа.
Од претпријатието велат дека против сите корисници кај кои ќе бидат утврдени неправилности:
-
ќе бидат преземени соодветни законски мерки
-
ќе бидат изречени санкции согласно важечките прописи




