MKinformer

your daily dose of news

Три активни пожари во државава, еден под контрола

17/07/2025 9:57

Центарот за управување со кризи известува дека во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар, од кои 3 се активни, 1 пожар е под контрола, а 17 се изгаснати.

Активни пожари има во Општина Велес, кај селата Џидимирци-Крушје-Иванковци, кадешто гори мешана шума, во Општина Македонски Брод, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа кадешто гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација и во Општина Василево, село Нивичино кадешто е запалена нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Под контрола е пожарот во Општина Дојран, односно селото Николиќ.

ЦУК информира дека се изгаснати 17 пожари.

error: Содржината е заштитена од копирање !!