ДЕНЕС СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ: Нови автобуси, БРТ, субвенции за јавните претпријатија дел од точките на дневен ред
17/07/2025 9:25
Советот на Град Скопје денес ќе ја одржи 64 седница која е закажана да почне од 11:00 часот. На дневен ред пред советниците ќе се најдат преку 40 точки, а како поважни се издвојуваат набавката на нови еколошки автобуси, согласност за отпочнивање на БРТ (бас рапид транзит) системот како и субвенциите за јавните претрпијатија.
Иако речиси цел советнички мандат, пред советничките групи на политичките партии во Советот на Град Скопје е одлуката за набавка на нови еколошки автобуси истата не наидува на одобрување. Денес членовите на советот на Град Скопје повторно ќе имаат прилика да се произнесат за истото.
Другата важна одлука која исто така ќе се најде на дневниот ред пред советниците е отпочнувањето на имплементацијта на БРТ системот кој како е наменет за подобар и поефикасен јавен превоз во главниот град.






