СДСМ објави нова група кандидати за локалните избори – Каја Шукова ќе се бори за Скопје
18/07/2025 19:39
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција соопшти нови имиња кои ќе се натпреваруваат на претстојните локални избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата.
Потпретседателката на СДСМ и поранешна министерка за животна средина, Каја Шукова, е предложена за кандидат за градоначалник на Скопје, каде што ќе се соочи со актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Други кандидати:
-
Битола: Методија Куновски
-
Валандово: Перо Костадинов (актуелен градоначалник)
-
Виница: Гоце Милевски
-
Зрновци: Ванчо Митев
-
Кавадарци: Виктор Велевски
Во Карпош, кандидат ќе биде д-р Маја Мојсова Миовска, поранешна директорка на КАРИЛ, а за Кисела Вода – Горан Трајковски, ексдиректор на Пазарниот инспекторат.
Кандидати и за други општини:
-
Маврово Ростуше: Анес Ахмети
-
Ново Село: Петар Спасов
-
Петровец: Елизабета Зелениковска
-
Прилеп: Петра Лукаровска
-
Радовиш: Ристо Спасов
-
Свети Николе: Дејан Гичев
-
Чашка: Горан Стојановски (актуелен градоначалник)
-
Брвеница: Светлана Митревска Анџелковска
Филипче најави дека списокот ќе се дополнува во наредниот период.





