MKinformer

your daily dose of news

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ТЕМПЕРАТУРА ДО 39 СТЕПЕНИ, СЛЕДУВА ПЕКОЛНА НЕДЕЛА

19/07/2025 7:37

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, на повеќе места ќе надминува 35 степени целзиусови, а наместа ќе биде и над 40 степени целзиусови.

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.

За денес времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност и дневна температура до 39 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!