MKinformer

your daily dose of news

Историски подвиг на доктор Сашко Кедев

20/07/2025 10:46

Македонскиот алпинист и кардиолог д-р Сашко Кедев испиша историја за нашата држава, откако денеска го искачи последниот од вкупно 14-те највисоки врвови на светот, сите повисоки од 8000 метри.

Рано утрово, Кедев беше дел од меѓународната експедиција „G1“ организирана од „Imagine Nepal“, која успешно го освои врвот Гашербрум I (8.080 метри) во Пакистан. Покрај Кедев, дел од тимот беа и Ванг Жонг од Кина, како и искусните непалски алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.

„Со денешното успешно искачување на Гашербрум I, д-р Кедев ги комплетираше сите 14 осумилјадници – првпат во историјата некој од Македонија го постигнал овој подвиг,“ соопштија од експедицијата.

Овој исклучителен успех претставува значаен момент не само за македонскиот алпинизам, туку и за спортската историја на земјата. Д-р Кедев се вбројува во малата група светски алпинисти кои ги совладале сите врвови над 8000 метри, меѓу кои се Еверест, К2, Канченџунга, Лхоце, Макалу и други.

Неговиот подвиг е инспирација за многу генерации и потсетник дека со посветеност, храброст и дисциплина, и највисоките предизвици се совладливи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!