ДЗС СПАСИ ПЛАНИНАР КОЈ СКРШИЛ НОГА НА ПЕЛИСТЕР, СЕ ЧЕКА ХЕЛИКОПТЕР ЗА ЕВАКУАЦИЈА
20/07/2025 12:18
Утринава, при искачување на тежок терен на планината Пелистер, планинар ја скршил ногата и не е во можност да се движи, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
По добивање на дојавата, ДЗС веднаш го активираше тимот за спасување во планински услови. Спасувачите се упатени кон местото каде што се наоѓа повредениот, кое е оддалечено неколку часа пеш од најблиската точка до која може да се пристигне со возило. Целта е да го имобилизираат, стабилизираат и пренесат до отворен простор, каде што ќе може да биде евакуиран со полициски хеликоптер.
Хеликоптерската евакуација ќе биде изведена со помош на витло, со кое ќе ракуваат припадници на специјалната единица „Тигри“.






