(Видео)МАФИЈАШКА ЛИКВИДАЦИЈА ВО ПОДГОРИЦА: Убиен член на Шкаљарскиот клан
20/07/2025 11:37
Според информациите на РТЦГ, во пукање што се случи доцна синоќа во Подгорица, убиен е Иван Милачиќ, за кого се тврди дека бил припадник на Шкаљарскиот клан. Едно лице, неофицијално идентификувано како С.Р., е повредено, но од Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) соопштија дека неговите повреди се полесни.
Инцидентот се случил околу 23:55 часот на улицата Светозара Марковиќ, во барот „Таормина“. Очевидци изјавиле дека едно лице пукало во градината на барот и веднаш потоа избегало. Сведоците слушнале помеѓу шест и осум истрели.
Утрово, полицијата сè уште беше присутна на местото на настанот, а барот беше затворен.
Полициската управа на Подгорица издаде официјално соопштение, во кое се наведува дека се преземаат итни и обемни мерки во координација со Вишото државно обвинителство за целосно расветлување на настанот, идентификација и апсење на сторителот. Од полицијата информираа дека јавноста ќе биде навремено известувана за понатамошните активности.
Ова е второ пукање во Подгорица во изминатите четири дена. На 16 јули, 29-годишниот Игор Недовиќ беше убиен во близина на својата куќа во Стара Варош. За неговото убиство се сомничи Аријан Речковиќ (22), кој е во бегство од мај, откако претходно се обидел да го ликвидира Недовиќ во Градската четврт.
Видета може да ги погледнете тука





