ХРОМ ДОБИВА НОВ И МОДЕРЕН СПОРТСКИ ХРАМ!
21/07/2025 13:29
Во завршна фаза е големиот проект за изградба на првата училишна спортска сала во населбата Хром – во рамки на подрачното ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, се пофали градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Од септември се очекува учениците конечно да имаат нов, модерен и по сите стандарди простор за физичко образование и спортски активности – нешто што го немале никогаш досега. Салата е целосно опремена со гардеробери, санитарии и потребна инфраструктура. Инвестицијата е вредна 19.730.000 денари со ДДВ.
Ова е реализација на едно од најголемите ветувања кон жителите на Хром – и дел од поширокиот план за подобрување на условите во образованието.
Паралелно, во ова училиште се реализира и нова инвестиција од 1.500.000 денари за: Нов влез со пристапна рампа, скали и патека, Простор за нова трпезарија и кујна, Реновирање на стариот дел од училиштето, Проширување на ходниците, Санација на оштетени делови од кровот.
Со ваквите проекти не само што ги подобруваме просториите, туку создаваме и безбедна, пријатна и поттикнувачка средина за учење и развој.
Се грижиме за секој ученик, затоа што нивната добросостојба е наша одговорност. Децата се нашата иднина – вложуваме во нив со љубов, посветеност и визија, напиша Стојкоски во објавата.






