MKinformer

your daily dose of news

Ќе се обнови патот Волково – Кучково како еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Ѓорче

21/07/2025 11:08

Градоначалникот на Ѓорче Петров најави дека ќе се прави реконструкција на патот Волково – Кучково како еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Ѓорче!

– Со оваа инвестиција ја унапредуваме безбедноста во сообраќајот и овозможуваме побрз и посигурен пристап до Кучково – место што станува сè попривлечно за семејства, љубители на природата и планинарење. Средствата се обезбедени со поддршка од Владата на Република Македонија, соопшти Стојкоски.

Патот е со должина 3.030 метри, ширина на коловоз – 6 метри, а ќе има и нов тротоар.

Вредност на овој проект е над 47 милиони денари.

– Продолжуваме посветено и домаќински да го развиваме Ѓорче – чекор по чекор, проект по проект, со јасна визија и резултати што се гледаат, вели првиот човек на општината.

error: Содржината е заштитена од копирање !!