MKinformer

your daily dose of news

Поради пеколните температури, ИЈЗ со дополнителни препораки

23/07/2025 9:30

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, според најновата прогноза на УХМР, топлотниот бран со температури над 40 степени Целзиусови ќе продолжи најмалку до сабота, 26 јули.

Со оглед на сериозните здравствени ризици од продолжена изложеност на високи температури, особено кај ранливите категории граѓани, Владата – по предлог на Министерството за здравство – усвои дополнителни препораки што ќе важат од 23 до 26 јули.

Меѓу препораките се:

  • ослободување од работа за бремени жени и лица над 60 години,

  • овозможување работа од далечина или флексибилно/двократно работно време,

  • исклучок од препораките за вработените во критична инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални служби).

Покрај ова, Владата потсетува и на постојните мерки од Акцискиот план за екстремни горештини:

  • забрана за работа на отворено од 11:00 до 17:00 часот,

  • обврска за разладени работни простории (до 25°C),

  • активирани протоколи за работа во вонредни услови во здравствени установи, старечки домови и училишта,

  • континуирано информирање на јавноста преку надлежните институции.

Министерството апелира до граѓаните да ги следат следниве совети за самозаштита:

  • престој во разладени простории, особено во најтоплите часови,

  • редовен внес на течности (без алкохол и засладени пијалаци),

  • лесна облека и заштита од сонце,

  • избегнување физички напор и активности на отворено во текот на денот,

  • посебна грижа за деца, стари лица, бремени жени и хронично болни,

  • побарајте медицинска помош при симптоми како вртоглавица, гадење, главоболка или забрзан пулс.

Надлежните институции ќе продолжат со спроведување на мерките, а Министерството за здравство врши дневен мониторинг и ќе реагира соодветно на развојот на ситуацијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!