Поранешната ТВ-водителка Хелена Роза кандидат за градоначалник во Нов Зеланд
23/07/2025 11:24
Хелена Роза, некогаш активна на македонската естрадна сцена и позната како ТВ-водителка, се кандидира за локалните избори во Нов Зеланд. Таа се натпреварува за позиција во општината Норт Шор, дел од градската област Окленд, пренесе МКД.мк.
По заминувањето од Македонија пред околу десет години, Роза се пресели во Нов Зеланд, каде успешно се интегрирала во локалната заедница. Нејзината одлука да се вклучи во политичкиот и општествениот живот сведочи за нејзината активна улога и посветеност кон заедницата.
Окленд е најголемиот град во Нов Зеланд, сместен на Северниот Остров, и според проценките од јуни 2024 година, во урбаното подрачје живеат околу 1.530.500 жители. Целиот регион, кој го вклучува и руралните предели и островите од заливот Хаураки, брои 1.797.300 жители. Градот е најнаселен во државата и петти по големина во цела Океанија.






