MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Масовно пукање на пазар во Бангкок: Најмалку четворица мртви, напаѓачот снимен на камера

28/07/2025 19:20

Според првичните извештаи, непознат маж одеднаш отворил оган на преполн пазар.

Според локалните медиуми, напаѓачот безобѕирно испукал неколку куршуми и сега е во бегство. Меѓу загинатите наводно има и обезбедување.

Голем број полицајци се на местото на настанот, додека целиот град е под блокада, а потрагата по осомничениот продолжува.

На социјалните мрежи циркулира фотографија од наводниот напаѓач, чија автентичност не може да се потврди. Мажот носи маскирни шорцеви, црна маица и бела капа.

error: Содржината е заштитена од копирање !!