(🔴ВИДЕО) Ученик застрела 16 лица, па си го одзеде животот
14/04/2026 14:39
Поранешен ученик отвори оган во училиште во Турција, при што според првичните информации се повредени најмалку 16 лица. Инцидентот се случил утрово во стручно-техничко училиште во Турција.
Според објавените информации, станува збор за 19-годишен поранешен ученик на училиштето. По нападот, во училиштето настанала паника, а ученици почнале да бегаат од објектот.
На социјалните мрежи се појави и видео на кое се гледа како ученици во паника го напуштаат училиштето. На местото на настанот веднаш пристигнале амбулантни возила и полициски сили.
Öğrenciler okuldan tahliye edilirken, olay yerine çok sayıda sağlık ve özel harekat polisi sevk edildi.pic.twitter.com/9U2IKEizwv
— NewsByStewie (@Yusufofisil) April 14, 2026
Дел од медиумите објавија дека некои ученици се повредиле обидувајќи се да се спасат. Според сведоштва, напаѓачот прво пукал во дворот, а потоа и кон училиштето.
At least 16-18 people injured in shooting at high school in Siverek area of Sanliurfa, Turkey. 17-year-old gunman took his own life. pic.twitter.com/qrFWO3s4qX
— The Geopolitiks Times (@globaldailyy) April 14, 2026
По интервенцијата на силите за безбедност, напаѓачот починал. Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.
Во фокусот на јавноста е фактот дека поранешен ученик отвори оган во училиште во Турција, што повторно ја отвори темата за безбедноста во образовните установи.






