MKinformer

your daily dose of news

Еве како започна крвавата пресметка на пазарот во Бангкок: Поранешен работник уби колеги (ВИДЕО)

28/07/2025 19:46

Голем број безбедносни сили се на местото на настанот, додека градот е делумно блокиран.

Морничаво видео го прикажува моментот кога вооружен човек отворил оган на прометен пазар во Бангкок, додека во позадина се слушаат гласни истрели, а купувачите трчаат во паника за да се заштитат.

Според локалните медиуми, напаѓачот е 61-годишен маж кој, откако ги убил своите поранешни колеги од фирма за обезбедување, си го одзел животот. Полицијата сè уште официјално не ги потврдила деталите за пукањето.

На социјалните мрежи се појави видео од маж за кој се сомнева дека е одговорен за пукањето на прометен пазар во Бангкок, во кое беа убиени најмалку четири лица.

Напаѓачот отворил оган среде толпа, а надзорните камери го снимиле моментот кога влегол, како и истрелите што следеле. Видеото го прикажува и моментот кога извршил самоубиство.

Првично, медиумите објавија дека сторителот е во бегство, што предизвика итна потрага и евакуација на пазарот, но подоцна се дозна дека напаѓачот си го одзел животот на местото на настанот.

Некои локални портали, исто така, објавија негова слика, на која се гледа маж облечен во црна маица, камуфлажни шорцеви, бела капа и ранец што му виси од предната страна.

error: Содржината е заштитена од копирање !!