MKinformer

your daily dose of news

Коалицијата на ДУИ ќе има свој кандидат за Град Скопје – познати дел од изборните коалиции

28/07/2025 20:04

Европскиот фронт ќе има сопствен кандидат за градоначалник на Град Скопје, потврди потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми. Тој не го откри името на кандидатот, но истакна дека во рамки на коалицијата се договараат и останатите кандидатури за локалните избори.

„ДУИ и коалицијата што ја сочинуваме ќе има свој кандидат за Град Скопје. Имињата за сите општини, вклучително и за Скопје, ќе бидат потврдени од партиските органи и навремено споделени со јавноста,“ изјави Адеми.

Таравари во заеднички настап со ДУИ

Адеми потврди дека Арбен Таравари е дел од договорот со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за заеднички листи на советници.

„Веќе има договор меѓу Европскиот фронт, претседателот Ахмети и претседателот Таравари за заедничко учество на овие избори,“ изјави Адеми.

На ова реагираше вицепремиерот и претседател на Демократско движење, Изет Меџити, кој го обвини Таравари за политички пресврт:

„Г. Таравари се повлече од ВЛЕН со изговор дека ќе излезе со посебни листи. Денес слушаме дека настапува заеднички со ДУИ. Тоа покажува дека вистинската намера му била приближување кон г. Ахмети,“ порача Меџити.

Кандидати од другите партии

  • Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека коалицијата со ВЛЕН ќе се применува и на локално ниво, со заемна поддршка во општините каде што немаат преклопување на кандидати.

  • За Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со Орце Ѓорѓиевски, а СДСМ со Каја Шукова.

  • Коалицијата ВЛЕН исто така најави свој кандидат за Град Скопје.

Локалните избори ќе бидат распишани на почетокот на август, а најчесто споменуван датум за одржување е 19 октомври 2025 година.

error: Содржината е заштитена од копирање !!