УАПСЕН ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА ЗОРАН ЗАЕВ ПОРАДИ ПОДМЕТНУВАЊЕ НА ПОЖАР КАЈ БРАНАТА ВОДОЧА!?
29/07/2025 9:58
Според неофицијални информации до кои дојде порталот Струмица Денес, уапсено е лицето А.Н за кое се тврди дека бил телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев, поради основано сомнение дека намерно подметнал пожар во атарот на брана Водоча, кај Струмица.
Неофицијално станува збор за Александар Николов кој своевремено бил телохранител на Зоран Заев и важел за еден од неговите најблиски соработници.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека во текот на денешниот ден ќе излезат со официјални информации и повеќе детали за случајот.





![Три сообраќајки со тешко повредени лица во еден ден – повредени млади возачи во Гостивар, Охрид и Кратово policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)
