MKinformer

your daily dose of news

УАПСЕН ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА ЗОРАН ЗАЕВ ПОРАДИ ПОДМЕТНУВАЊЕ НА ПОЖАР КАЈ БРАНАТА ВОДОЧА!?

29/07/2025 9:58

Според неофицијални информации до кои дојде порталот Струмица Денес, уапсено е лицето А.Н за кое се тврди дека бил телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев, поради основано сомнение дека намерно подметнал пожар во атарот на брана Водоча, кај Струмица.

Неофицијално станува збор за Александар Николов кој своевремено бил телохранител на Зоран Заев и важел за еден од неговите најблиски соработници.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека во текот на денешниот ден ќе излезат со официјални информации и повеќе детали за случајот.

Извор: Струмица Денес
error: Содржината е заштитена од копирање !!