MKinformer

your daily dose of news

Делегации за 2 август: Мицкоски во Скопје, Силјановска-Давкова во Крушево, Бендевска наместо Гаши во Пелинце

02/08/2025 7:29

По повод 81-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и Денот на Републиката – 2 Август, делегации на Собранието на Република Македонија утре ќе положат цвеќе и ќе учествуваат на свечености во повеќе градови и спомен-локации низ земјата и регионот.

Во име на претседателот на Собранието, Африм Гаши, потпретседателката Весна Бендевска ќе предводи собраниска делегација во состав Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, која ќе го одбележи празникот во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Државна делегација, предводена од Бендевска, ќе учествува и на свеченоста во манастирот „Прохор Пчински“, посветена на Илинден.

Во Скопје, делегација предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, заедно со пратениците Бети Стаменкоска-Трајкоска, Славјанка Петровска, Бобан Карапејовски и Малиша Станковиќ, ќе положи цвеќе на спомениците на Никола Карев, АСНОМ и Методија Андонов – Ченто.

Паралелно, делегација во состав Биљана Кузманоска и Митко Трајчулески ќе присуствува на чествувањата во Крушево, каде ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, споменикот на хероите од „Слива“, ќе присуствува на панихида во храмот „Св. Никола“ и на централната прослава на „Мечкин Камен“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!