MKinformer

your daily dose of news

ИТНА СПАСУВАЧКА АКЦИЈА НА ПОВРЕДЕН ПАРАГЛАЈДЕРИСТ ЗАКАЧЕН НА ДРВО ВИСОКО НАД 30 МЕТРИ

06/08/2025 21:45

Денес доцна попладне од страна на полициската станица Крушево бевме информирани дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри, од ударот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото. Несреќата се случила во близина на Крушево.

Бидејки локалните сили не можеле да го симнат повредениот параглајдерист итно е активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување предмалку безбедно го симна од дрвото на кое беше закачен странскиот параглајдерист кој за среќа нема сериозни повреди.

error: Содржината е заштитена од копирање !!