MKinformer

your daily dose of news

ПИЈАН ШТИПЈАНЕЦ СИ ЈА УБИ 84-ГОДИШНАТА МАЈКА

08/08/2025 12:58

Штипјанец (54) ја убил својата 84-годишна мајка во нивниот дом со остар предмет. Како што соопштија од СВР Штип, тој бил пијан.

„На 08.08. 2025 година полициските службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С. З. (54) од Штип. Тој се сомничи дека околу 2 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет ѝ нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка по што таа починала. Лекар од Брза помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција. Увид на лице изврши екипа од СВР Штип под раководство на Јавен обвинител на ОЈО Штип при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка“, велат од СВР Штип

По целосно расчитување на документацијата на случајот ќе биде поднесена кривична пријава  по член 123 став 2 од Кривичниот законик.

error: Содржината е заштитена од копирање !!