MKinformer

your daily dose of news

НОВ ТОПЛОТЕН БРАН СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40 СТЕПЕНИ ДО 15ТИ АВГУСТ

08/08/2025 8:18

Македонија е под влијание на нов топол бран од Африка, кој ќе трае до 15 август (петок). Во овој период времето ќе биде претежно сончево и исклучително топло, со мала локална облачност и повремено засилен ветер од северен и североисточен правец.

Во Скопскиот регион исто така се очекуваат сончеви и жешки денови, со температури кои ќе достигнуваат меѓу 38 и 40°C. Ветерот повремено ќе засилува од северниот и североисточниот правец.

Утринските температури во земјата ќе се движат меѓу 15 и 22°C, а во Повардарието и југоисточните предели ќе има тропски ноќи – ноќни и утрински температури кои нема да паѓаат под 20°C.

Дневните максимални температури ќе достигнуваат од 32 до 40°C, при што највисоките вредности ќе бидат забележани во централните и југоисточните делови на земјата.

Поради екстремно високите температури, граѓаните се советуваат да избегнуваат излегување во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да внесуваат повеќе течности за да спречат дехидрација.

error: Содржината е заштитена од копирање !!