Анкета во Карпош: Јакимовски води со 34%, половина од граѓаните не веруваат во фер избори
11/08/2025 12:41
Центарот за истражување и анализа (ЦИА) спроведе теренско испитување на јавното мислење во општина Карпош во пресрет на локалните избори, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, а вториот круг на 2 ноември. Истражувањето е реализирано во периодот од 23 до 29 јули на репрезентативен примерок од 1.157 испитаници, преку прашалник со 14 прашања и техника „лице в лице“.
📊 Клучни резултати од анкетата:
-
Задоволство од актуелниот градоначалник: 57% одговориле „да“, 28% „не“, а 15% „не знам“.
-
Излезност на избори: 62% изјавиле дека ќе гласаат.
-
Доверба во изборниот процес: 48% сметаат дека изборите нема да бидат фер и демократски.
📈 Поддршка за кандидати за градоначалник:
-
Стевчо Јакимовски (актуелен градоначалник) – 34%
-
Сотир Лукровски (ВМРО-ДПМНЕ) – 18%
-
Маја Мојсова (СДСМ) – 12%
-
Не одлучиле – 17%
-
За ниту еден кандидат – 14%
-
Друг кандидат – 6%
📌 Преференции за советнички листи:
-
ВМРО-ДПМНЕ – 25%
-
СДСМ – 16%
-
Левица – 11%
-
ГРОМ – 6%
-
За ниту една листа – 24%
Засега официјално познати кандидати за градоначалник на Карпош се Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ и Маја Мојсова од СДСМ, додека кандидатурите до Државната изборна комисија ќе се поднесуваат најдоцна до 13 септември.





