Си Џинпинг и Лула да Силва, го зајакнуваат кинеско-бразилското стратешко партнерство
12/08/2025 18:15
Кинескиот претседател Си Џинпинг оствари телефонски разговор со претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, во кој беше истакнато дека односите меѓу Кина и Бразил се на највисоко ниво во историјата. Двете држави бележат силен напредок во градењето заедничка иднина и усогласување на развојните стратегии.
Си нагласи дека Кина е подготвена заедно со Бразил да даде пример за единство меѓу водечките земји од Глобалниот Југ, со цел создавање поправеден свет и одржлива планета. Тој ја изрази поддршката на Кина за зачувување на суверенитетот и заштитата на легитимните интереси на Бразил, додавајќи дека државите треба заеднички да се спротивстават на унилатерализмот и протекционизмот.
Се вели во објавата на Фејсбук на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг






