MKinformer

your daily dose of news

Скопјанец фрлал камења кон полициски хеликоптер што гаснел пожар

13/08/2025 9:14

Полицијата приведе 55-годишен скопјанец, осомничен за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Според МВР, на 6 јули годинава, додека полициски хеликоптер полнел вода од Вардар за гаснење пожар кај Блаце, осомничениот И.А. влегол во плиткиот дел на реката и почнал да мавта, а потоа и да фрла камења кон леталото.

Пилотите биле принудени да ја прекинат операцијата и да сменат место на полнење, бидејќи биле „ставени во крајно безбедносно загрозување“.

По спроведената истрага, И.А. е пронајден и уапсен, а против него ќе биде поднесена кривична пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!