Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен
14/08/2025 20:47
Пожарот што со денови беснее во ловиштето „Јасен“ и натаму претставува сериозна закана, иако во државата моментално нема други големи пожари, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Според него, долниот дел од теренот, под патот што води од „Јасен“ кон езерото Козјак и понатаму кон Македонски Брод, сè уште е активен, со голема зачаденост и појава на пламени јазици, особено во деловите со борова шума.
Денеска биле загрозени и објектите на ЈП „Јасен“, но огнот бил спречен да се прошири благодарение на брзата интервенција. Приоритет и ноќва ќе биде нивната одбрана, бидејќи постои опасност пожарот да се приближи од задната страна.
За таа цел, на терен се распоредени два оклопни транспортера „БТР“ на ДЗС, четири возила „пинцгауер“, два „хермелини“ и повеќе противпожарни возила, позиционирани така што можат веднаш да дејствуваат доколку огнот се доближи до објектите.





![Состојба со пожарите за 24/25.07.2025 до 08:00 часот, активни 7 пожари pozarnikari-obuka[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/pozarnikari-obuka1.jpg)
